Insta Grand
Само уживај


Пронајди го својот совршен вкус.
Grand kafeто постојано изненадува со своите врвни вкусови.
Со богатиот асортиман на производи ги задоволува потребите на сите генерации и нуди потполно уживање во кремастите вкусови на кафе.
3 во 1 Classic
3 во 1 Classic

Кога сакате да се препуштите на моментот и да уживате во уста полна вкус, одберете совршена мешавина на вистинско кафе, шеќер и кремасто млеко направено по мерка на искрените хедонисти и вљубеници во слаткиот живот.
2 во 1 Classic
2 во 1 Classic

Дали сте подготвени за двојно уживање? Токму тоа ја дава кремастата комбинација на кафе и млеко во идеално урамнотежен однос. 2 во 1 е умешно уживање спакувано во вреќичка за секоја згода.
Cappucino Vanilla
Cappucino Vanilla

Постои ли нешто понежно од кремастото Cappucina со вкус на ванила? Оваа волшебна комбинација на вкусови ќе ги направи вашите мигови на уживање бескрајно спокојни. Ќе посакате тие мигови да ви траат вечно.
Cappucino Irish Cream
Cappucino Irish Cream

Тие се одлучни, со став, дури и кога се во прашање миговите на уживање, без грешка го одбираат Irish Cream. Неодоливо кремастото Cappucino надополнето со арома на ликерот Irish Cream претставува сосема нова димензија во пиењето кафе.
Cappucino Classic
Cappucino Classic

Cappucino и чаша вода, молам... Колкупати сте го изговориле тоа кога сте се нашле со пријателите на кафе? Благодарение на Classic Cappucinu сега можете да уживате во кремастиот кафено-млечен вкус во својот дом. Повикајте ги и пријателите.
Slim & Fit
Slim & Fit

Паузата за кафе подразбира здивнување и уживање. Со Slim & Fit, кафе кое содржи додаток на Q10, L-карнитин и биотин кој придонесува за нормален метаболизам на микронутриентите, вашиот одмор станува кремливо задоволство во служба на вашата фит линија.
Freeze Classic
Freeze Classic

Секое лето е нова авантура во која постојано трагаме по места на кои можеме да се опуштиме и да уживаме. Со ледено добро и неодоливо вкусно Freeze Classic со коцка мраз, жештината на летото исчезнува и секој момент станува кремливо уживање.
Freeze Coconut
Freeze Coconut

Замислете лето, плажа и ладовина под палма. Токму тоа е емоцијата што ви ја носи Freeze Coconut, ледено кафе збогатено со занесна арома на кокос. Уживајте во освежителните ноти на летото.
Понекогаш шолја добро кафе е се што ми треба.
Омилено во друштво.
Слатките мигови се уште послатки со шолја Insta Grand кафе. Секогаш е добредојдена. Можеби поради богатата пена. Можеби поради вкусот на кој е невозможно да му се одолее.
Опуштете се со омилениот филм или серија со шолја топло, мирисно Insta Grand kafe.