Историјата

За Grand kafe

Со голем ентузијазам, посветеност и љубов кон кафето, во Србија во Деведесеттите е направена првата приватна стоковна марка на црно кафе, Grand kafe, која за брзо време си го пронајде патот до срцата на потрошувачите.

Само за неколку години, благодарение на оригиналноста и на врвниот и непроменлив квалитет, Grand kafe ја стекна довербата на милиони љубители на кафе и стана водечка стоковна марка во регионот. Суверено ја држи водечката позиција на пазарот во Србија, БиХ и во Македонија. Тајната на совршена шолја Grand kafe е во вниманието, стручноста и посветеноста со која се однесува кон секое зрно, со препознатливиот мирис и вкус и довербата на потрошувачите, за што најмногу говори податокот дека над 2 милиони домови во регионот денот го започнуваат со Grand kafe.

Grand kafe е дел од Atlantic Grupe, вертикално интегрирана мултинационална компанија, во чии работни активности се вклучени истражување и развој, производство, како и дистрибуција на стока за широка потрошувачка, со присуство на пазарите во повеќе од 40 држави во светот. Atlantic Grupa и Grand kafe како горд дел од успешен тим за стратегиско работење во областа на кафето, се одликуваат со динамично работење, богато портфолио на регионални стокови марки и со силна разработена сопствена дистрибуција

Со постојано усовршување на технологијата и внимателно наслушнување на барањата на пазарот, Grand kafe со години создава производи кои се позиционирани на врвот. Голем стручен тим непрекинато работи на понови, посовремени и поатрактивни производи, со испитување на квалитетот, секојдневни контроли и со унапредување на оригиналната рецептура.

Денес портфолиото на Grand kafe го сочинуваат сегментите на традиционалното и на инстант кафето, со автентични стокови марки, внимателно изградени за различни кориснички структури и потреби.

Grand kafe во секторот на традиционално кафе го претставуваат стоковите марки Grand Gold, Grand Aroma и Grand DeLuxe

Grand kafe Gold е направено по специјална рецептура и е наменето за оние кои уживаат во традиционалниот вкус на јакото домашно кафе со обилна пена. Grand Aroma е создадено како модерен одговор на желбата на потрошувачите за пофин и поурбан концепт на уживање со црно кафе. Grand DeLuxe преставува врвен производ на супериорен квалитет на пазарот, наменет за вистинските познавачи и љубители на кафе.

Модерното и брзо темпо на животот создава нови потреби, барања и навики. Наслушнувајќи го тој пулс, Grand kafe воведе производи приспособени на модерниот начин на живот и новите потреби на потрошувачите. Со спојување на традицијата, искуствата, знаењето и љубовта кон кафето се создаде идеален спој Grand инстант кафе. Модерна, иновативна и широка палета на производи на инстант кафе е она што им е потребно на сите генерации, во сите згоди и незгоди, за секакво расположение и за сечија душа!

Создадената доверба кај потрошувачите е резултат на постојаното исполнување на дадените ветувања и негување на вистинските семејни вредности. Клучниот збор со кој гради лојалност кон потрошувачите на Grand kafe е почитување. Токму поради тој факт, Grand kafe е во постојана експанзија и денес претставува синоним за успех, висок квалитет на производот, модерно работење и префинет пристап кон потрошувачите и кон пазарот.

Како лидер, Grand kafe има обврска и задоволство своите потрошувачи постојано да ги запознава со новите производи, со новите вкусови, но и да ги мотивира да создаваат нови навики.

Почитувајќи ги желбите на потрошувачите и нудејќи им нешто повеќе од вкус, Grand kafe изгради препознатлив концепт на уживање во кафето - секогаш со најдобар квалитет, богат асортиман на производи, препознатлива арома, врвно естетско уживање, иновативност и достапност во секој миг и на секое место. Концептот на уживање се пренесува со едноставниот корпоративен слоган кој јасно порачува дека е суверен владетел на пазарот на кафе во регионот: И мирис и вкус - Grand kafe!

Враќање

Cookie policy

За да може нашата страница правилно да функционира и да можеме постојано да ги унапредуваме нашите услуги, ги користиме следните колачиња: задолжителни, аналитички и маркетиншки. Со клик на сетинзите можете да ги ограничите. Повеќе информации побарајте во документот Правила за употреба на колачиња..

Одберете колачиња на страницата

Овозможи или забрани и на веб-страницата употреба на функционални или рекламни колачиња кои се опишани во продолжение:

Сетинзи Ги прифаќам сите Во ред!