Вести

Уживај во кафето и добивај награди!

Дали сте љубители на вкусно и брзо направено кафе? Ако пиете Insta Grand или Black’n’Easy, тогаш сигурно ќе сакате да дознаете повеќе за најновата акција на Ramstore и Гранд.
Во периодот од 18.08 и 14.09.2022, купувачите кои ќе остварат највисока куповна вредност од производите на Гранд ќе добијат вредносен ваучер од 1.000 денари кој ќе можат да го искористат во сите маркети на Ramstore во земјата. Ваучери ќе добијат вкупно 50 купувачи кои во овој период забележале највисока куповна вредност на било кој од производите од линијата на Insta Grand и Black’n’Easy.
Понудата важи само за производите на Insta Grand и Black’n’Easy купени во маркетите на Ramstore низ целата земја. Во оваа акција можат да учествуваат само потрошувачи со регистрирана Ramstore Club картичка, која задолжително мора да биде приложена при купувањето на производите.
Добитниците на ваучери од Ramstore ќе бидат јавно објавени на веб-страната ramstore.com.mk, како и на социјалните мрежи на Ramstore во рок од 7 работни дена по завршувањето на акцијата. Сите добитници ќе бидат објавени со бројот на нивната Ramstore Club картичка, а по објавувањето на социјалните мрежи истите ќе можат да го подигнат својот вредносен ваучер од Дирекцијата на Ramstore.
Вредносните ваучери ќе можат да се искористат во сите Ramstore маркети низ земјата, најдоцна до 31.12.2022. Побрзајте и уште денеска уживајте во моќната арома на Black’n’Easy или пак во вашиот омилен Insta Grand вкус, кои можеби токму вам ќе ви донесат вредна награда!

mkd

Враќање

Cookie policy

За да може нашата страница правилно да функционира и да можеме постојано да ги унапредуваме нашите услуги, ги користиме следните колачиња: задолжителни, аналитички и маркетиншки. Со клик на сетинзите можете да ги ограничите. Повеќе информации побарајте во документот Правила за употреба на колачиња..

Одберете колачиња на страницата

Овозможи или забрани и на веб-страницата употреба на функционални или рекламни колачиња кои се опишани во продолжение:

Сетинзи Ги прифаќам сите Во ред!