Кафе кое ги исполнува сите ваши очекувања

Безброј пати сме слушнале или изговориле – не можам да го замислам денот без домашно кафе. Од секоја шолја кафе очекуваме и бараме да го има оној мирис и вкус на кој сме навикнати, јачината која ни е повеќе од потребна и квалитет кој ни обезбедува врвно уживање.
Да, тоа е онаа шолја кафе која не’ буди наутро, при првата голтка ни дава енергија, ни ги полни батериите за новиот работен ден, а попладне ни пружа момент за вистинско уживање. Во секој повик на кафе се крие и желба за разговор и зближување со другите луѓе. Тоа е повик за пауза со колегите или повик за дружење со пријателите. Секоја шолја кафе испиена со драги луѓе ни носи моменти на опуштање, разонода и уживање.
Сето тоа е само дел од она што го очекуваме од нашиот омилен пијалак. Кога ќе ги изоставиме сите оние лични чувства и очекувања кои се неминовни кога е кафето во прашање, дали некогаш сте се запрашале што се’ е потребно за во нашата шолја кафе да се најде совршена комбинација на вкусови? Тоа зависи од квалитетот на зрното, степенот на запрженост, ароматичноста и вештината на мајсторите кои го подготвуваат, како и од самото пакување во кое се наоѓа пред да го свариме во ѓезве и да го сипеме во омилената шолја.
Квалитетното кафе е и она во чие пакување се кријат исклучиво зрна кафе, без разни додатоци. А самото зрно до производството стигнува од далечните плантажи во Бразил, Индија, Виетнам и Уганда, од кои се бере кога ќе ја достигнат нивната полна зрелост, односно кога зрната ќе добијат темно црвена боја. Тука настапува еден многу важен момент: тајната на доброто кафе, велат експертите, многу зависи и од тоа колку внимателно се берат плодовите од кафето. Најдобар квалитет се обезбедува преку рачно берење. Но, тоа не е крајот. Кога совршеното зрно кафе ќе стигне на местото на производство, време е пржачот да ги покаже своите способности на дело. Печењето е процес во кој се губат одредени ароми, додека други се ослободуваат, а на мајсторот е да го процени моментот кога свежо меленото кафе ќе го добие оној добро препознатлив мирис и вкус. Дали знаевте дека во еден момент од печењето, дури 800 различни ароми се ослободуваат под топлината, и дека секоја од нив придонесува во вкусот и мирисот на вкусното домашно кафе!
За финалниот вкус на вистинското домашно кафе, во споредба со сите други сорти на кафе, е тоа да биде фино смелено. Тоа се постигнува на два начини: ладно мелење и мелење на камен. Мелењето на камен е посебна „мајсторија“ заради големиот број на вртежи измеѓу двете камења, поради кој се развива висока температура која мора да биде строго контролирана.
И за крај, но не и помалку важно, е и начинот на кој се зачувува аромата на кафето во амбалажата во кое тоа е спакувано. Добрата амбалажа е клучен заштитник на вашиот омилен пијалак од неговите најголеми непријатели: кислород и влага. Кога вака ќе ги претставиме сите фактори кои влијаат на совршениот вкус на нашето омилено домашно кафе, ќе заклучиме дека само одредени производители можат да ги исполнат нашите високи очекувања. Емоционалната вредност која ја има шолјата кафе за секого од нас е целосна дури откако ќе го направиме вистинскиот избор.
Враќање