Вести

Направи ми кафе – нека биде добро!

Пиењето кафе во нашите краишта уште одамна се претвори во ритуал. Наспроти животот во некои други средини, каде што кафето се служи во мали шолјички и се пие во една голтка, нашето кафе одбива да биде сведено на обична утринска или попладневна навика. Мирисот и вкусот кои се кријат во омилените шолји во кујната и полиците на канцелариите нѐ следат во секој чекор – тие се сведоци на нови познанства, големи пријателства и заеднички моменти.

Истовремено, секој од нас додека растел, учел како да го свари најдоброто кафе. Почнавме играјќи се и слушајќи приказни како „уф, денеска пиев баш добро кафе“ или пак оние малку поинаквуте – „кафето ми го направија ретко, како да не сум ни пиел“. Малку по малку, и самите развивме истенчен вкус, па сега уште од врата знаеме да кажеме „стави ми едно без шеќер“ или пак преку телефон да нарачаме да „сварат едно сега и да го остават да се олади“ или „да не го пуштат да се превари“.

Подготвуваме свежо мелено кафе бидејќи во него ставаме и дел од себе, дел од својата вештина, без разлика на тоа со што се занимаваме. Важно е мешавината да биде квалитетна, но важно е и какви мајстори сме! Понекогаш се шегуваме дека можеме да живееме само со оние што можат да направат добро кафе, а кога се сомневаме во нивната вештина, знаеме да кажеме „нека, ќе сварам јас“ наместо да правиме компромиси.

Трикови за подготовка на совршената шолја кафе не постојат, бидејќи ова е уметност како и секоја друга, која не се служи со измами. Сепак, постојат мали тајни на мајсторите за кои можеби не сте знаеле, а кое ќе ви го разубават уживањето во вашиот омилен топол пијалак. Пената во шолјата на домашно направеното свежо мелено кафе често е знак на распознавање на „доброто“ и она „не баш добро сварено“ кафе – иако, има и такви кои преферираат кафето да го пијат без пена. Освен што му дава примамлив изглед, густата и обилна пена ја зачувува и топлината на кафето, го прави вкусот поинтентизвен и помага тој подолго да се задржи во устата.

Кога варите кафе, употребете обична вода од чешма, во неизоставното ѓезве, кое по можност е емајлирано. Користете мали ѓезвиња во кои собира доволно вода за една шолја, бидејќи кога го делите кафето во повеќе шолји – пената обично знае да „избега“ само во една од нив. Ако го служите кафето по оброк, задолжително послужете го со чаша вода, како би се испрале вкусовите од сите состојки кои претходно биле консумирани.

Пред да го додадете кафето, водата не смее долго да се вари бидејќи така се претвора во „мека вода“, што ќе го расипе вкусот на кафето. Штом кафето почнува да се подига во ѓезвето, се трга од ринглата и се сипува во шолја, бидејќи му е потребно време да се смири. Односно, потребно е да му се даде време на процесот на екстракција на аромата во шолјата.

Дали знаевте дека вистинското, домашно свежо мелено кафе се разликува по сортатата, исто како што е случајот со сортите на вино? На истиот начин, како што постојат правила за дегустација на вино, постојат и правила за тоа како треба да се пие свежо меленото кафе. На пример, најдобро ќе го почувствувате вкусот и аромата доколку почекате пијалакот малку да се олади и потоа да го испиете кога е отприлика исто со телесната температура.

На крај, пред да го вкусите кафето, затворете ги очите и длабоко вдишете го мирисот. Ако веднаш по првата голтка, вашата мисла е „ова е кафе!“, значи дека сте успеале да ги разбудите сите ваши сетила со вкусот на свежо меленото кафе. Потоа, првата голтка ќе биде совршен, баш како и незаменливите моменти во денот кои ги одвојуваме за уживање во нашиот омилен пијалак, сами или во друштво на најдрагите.

Враќање

Cookie policy

За да може нашата страница правилно да функционира и да можеме постојано да ги унапредуваме нашите услуги, ги користиме следните колачиња: задолжителни, аналитички и маркетиншки. Со клик на сетинзите можете да ги ограничите. Повеќе информации побарајте во документот Правила за употреба на колачиња..

Одберете колачиња на страницата

Овозможи или забрани и на веб-страницата употреба на функционални или рекламни колачиња кои се опишани во продолжение:

Сетинзи Ги прифаќам сите Во ред!