Вести

Жито Маркети ги наградуваат љубителите на Insta Grand и Black’n’Easy!

Дали сте љубители на вкусно и брзо направено кафе? Ако пиете Insta Grand или Black’n’Easy, тогаш сигурно ќе сакате да дознаете повеќе за најновата акција на Жито Маркети и Гранд.

Во периодот од 21.09 до 19.10.2022, купувачите кои ќе остварат највисока куповна вредност од производите на Гранд ќе добијат вредносен ваучер од 1.000 кој ќе можат да го искористат во сите маркети на Жито Маркети во земјата. Ваучери ќе добијат вкупно 50 купувачи кои во овој период забележале највисока куповна вредност на било кој од производите од линијата на Insta Grand и Black’n’Easy.

Понудата важи само за производите на Insta Grand и Black’n’Easy купени во маркетите на Жито Маркети низ целата земја. Во оваа акција можат да учествуваат само потрошувачи со регистрирана Жито Маркети клуб картичка, која задолжително мора да биде приложена при купувањето на производите.

Добитниците на ваучери од Жито Маркети ќе бидат јавно објавени на социјалните мрежи на Жито Маркети во рок од 7 работни дена по завршувањето на акцијата. По извлекувањето сите добитници треба да се обратат до најблискиот Жито маркет за да ги остават своите информации, а по седум дена во истиот маркет ќе ги чека вредносен ваучер.

Вредносните ваучери ќе можат да се искористат во сите Жито Маркети низ земјата, најдоцна до 30.11.2022. Побрзајте и уште денеска уживајте во моќната арома на Black’n’Easy или пак во вашиот омилен Insta Grand вкус, кои можеби токму вам ќе ви донесат вредна награда!

da

Враќање

Cookie policy

За да може нашата страница правилно да функционира и да можеме постојано да ги унапредуваме нашите услуги, ги користиме следните колачиња: задолжителни, аналитички и маркетиншки. Со клик на сетинзите можете да ги ограничите. Повеќе информации побарајте во документот Правила за употреба на колачиња..

Одберете колачиња на страницата

Овозможи или забрани и на веб-страницата употреба на функционални или рекламни колачиња кои се опишани во продолжение:

Сетинзи Ги прифаќам сите Во ред!