Откриј го совршеното кафе

Ground coffeeRight leaf illustrationSecond bean illustrationThird bean illustrationFourth bean illustrationFifth bean illustrationSixth bean illustrationFirst bean illustrationСвежо мелено кафе
Свежо мелено кафе
Ground coffeeRight leaf illustrationSecond bean illustrationThird bean illustrationFourth bean illustrationFifth bean illustrationSixth bean illustrationFirst bean illustrationBlack ’n’ Easy
Black ’n’ Easy
Ground coffeeRight leaf illustrationSecond bean illustrationThird bean illustrationFourth bean illustrationFifth bean illustrationSixth bean illustrationFirst bean illustrationInsta Grand
Insta Grand

#ајденакафе

#забава #рецепт #Квиз #и мирис и вкусПогледни сè
Колку добро нѐ познаваш?
Квиз

Колку добро нѐ познаваш?

Запознај го Кафе Grand

Уживај во СПА ритуали во твојот дом

Ништо не го подобрува расположението толку брзо како неколку часа посветени исклучиво на нас самите.

Уживање во добра книга, подготовка на вкусна вечера, тренинг, прошетка или време за нега и разубавување. Последното обично го поврзуваме со салони за убавина или спа центри, но некои од третманите кои влијаат и на убавината и на благосостојбата може да се направат и дома. За добра атмосфера, пушти ја твојата омилена песна, свари домашно кафе и пробај еден од овие ритуали!

Топла бања или долго туширање

Идеално е ритуалот за разубавување да го започнеш со мирисна купка бидејќи топлата вода смирува и ги шири порите, така што твојата кожа ќе биде подготвена за понатамошен третман. За време на овој ритуал, пожелно е да користиш малку погруб сунѓер со кој ќе направиш и пилинг на телото за да ги отстраниш нечистотиите и мртвите слоеви на кожа и да добиеш нежно, кадифено чувство на кожата.

Свежо мелено кафе за мазно тело

Во спа центрите во некои делови на Русија, талогот од свежо мелено кафе се користи како дел од третманот во вид на пилинг за тело. Овој едноставен и ефикасен третман можеш да го направиш и дома. Протриј го талогот од кафе во влажна кожа и потоа остави го неколку минути да се исуши. Талогот од кафе е нежен, делува како природен пилинг и помага да се отстранат сувите, мртви слоеви на кожа од телото. Исто така, кофеинот од кафето инстантно помага во тонирање и намалување на иритациите на телото.

Нега на лице на азиски начин

Лицето секогаш бара дополнителна нега, па затоа во салоните посебно се фокусираат на типот на кожата, врз основа на кој се избираат состојките и типот на третман. По времето поминато во салон, се чувствуваме свежо, а нашата кожа изгледа одморено и мазно. Токму таков третман, значи третман за подмладување и додатен сјај, можеме да подготвиме и дома. Главната состојка е оризот, кој се користи за длабинско чистење на кожата и отстранување на вишокот маснотии. Чаша ориз треба да се натопи во врела вода и да се остави да отстои 30 минути за скробот од оризот да исплива на површина. Кога ќе се олади, измешај ја водата со брашно од ориз за да добиеш густа паста. Добиената паста нанеси ја на лицето и остави ја да делува 10-15 минути, а потоа исплакни го лицето со ладна вода. Твојата кожа ќе биде мазна и хидрирана. Повторувај го овој третман еднаш неделно и за само неколку недели твојата кожа ќе изгледа поодморено, а лицето посвежо.

Природни средства за коса

Најчеста грешка во домашната нега на косата е претераното користење на маски и регенератори. Доколку имаш проблем со опаѓање на косата, ако твојата коса лесно се заплеткува или масти, најдобро е да користиш благи и што е можно поприродни шампони. Исто така, хранливите маски можат да и помогнат на косата да добие сјај и волумен и да го намалат нејзиното кршење и расцепените врвови. Едно од најдобрите масла во светот што се користи за нега на коса е кокосовото масло! Доволно е да се стопи (бидејќи инаку е во цврста состојба) и рамномерно да се нанесе на косата. Стави капа за туширање и остави го маслото да делува неколку часа, а потоа темелно измиј ја косата. Твојата коса ќе биде сјајна и еластична како од фризерски салон.

Масажа на темето од само неколку минути може значително да ја подобри циркулацијата и, покрај чиста коса, да придонесе за подобро чувство во целото тело. За масажата да биде што е можно попријатна, можеш да направиш маска од алое вера и јогурт. Алое верата е одлична за нега на сувиот скалп кој е склон кон првут. За оваа маска потребни ти се 4 лажици гел од алое вера, 3 лажици јогурт и 2 лажици маслиново масло. Состојките измешај ги во еден сад, а за нанесување можеш да користиш четка за фарбање или едноставно нанеси ја маската со раце. Остави да делува околу половина час, а потоа обиди се да ја измиеш косата со што е можно поладна вода. Оваа техника ќе и даде сјај и волумен на твојата коса. Пред сушење за неколку минути завиткај ја косата во крпа, затоа што домашните ритуали сепак имаат една предност - можат да траат подолго!

Третман за раце и стапала

Поради честото миење рацете брзо ни се сушат, а стапалата ни стануваат груби во зимскиот период. Токму затоа педикирот и маникирот заземаат посебно место во секој салон за убавина, а можеш да си ги приуштиш и во твојот дом. Што ти е потребно за тоа? Бања или пилинг, турпии за нокти и екстра хидратантен крем за на крај. Ако сакаш да ги отстраниш бактериите и нечистотиите, секогаш можеш да употребиш сода бикарбона, која пружа одличен третман за нега на кожата. Доколку те мачат уморни стапала, ти предлагаме да ставиш масло од еукалиптус во бањата, затоа што помага да се отстрани болката и дава пријатно и освежувачко чувство.

Овие мали ритуали и здрави навики не само што заштедуваат пари, туку и време што би го потрошиле одејќи во салон. Здравите навики како што е одвојување време за себе можат да придонесат за поголема самодоверба и подобро расположение.