Слушај се себеси за да не зовриеш
Пливаме во море од обврски, и работни, и лични, па и во тоа што постојано се
грижиме за други. А, некаде под површината се кријат нашите потреби и грижата
за себе. Премногу често се запоставуваме себеси, ги потиснуваме и игнорираме
нашите потреби. Трчаме на сите страни, секогаш некаде брзаме, молчиме, а во
себе вриеме, сè додека еден ден конечно не ни зоврие.