Времето за себе, макар и 5 минути во текот на денот, може да биде можност да застанеме, да се слушнеме себеси, подобро да ги разбереме своите потреби и да направиме нешто во врска со нив. Овие моменти на наше уживање ни даваат сила, добро расположение и чувство на среќа.
Слушај се себеси за да „не прегориш“
Слушај се себеси за да „не прегориш“
Во морето обврски, од деловни, животни па сè до грижа за другите, некаде под површината остануваат нашите потреби и грижата за нас самите. Често сме склони да се занемаруваме себеси и своите потреби, да ги потиснуваме и игнорираме. Брзаме и трчаме и молчешкум вриееме додека на крај не зовриеме.
Зошто е важно да се посветиш на себе?
Зошто е важно да се посветиш на себе?
Времето за себе, макар и 5 минути во текот на денот, може да биде можност да застанеме, да се слушнеме себеси, подобро да ги разбереме своите потреби и да направиме нешто во врска со нив. Овие моменти на наше уживање ни даваат сила, добро расположение и чувство на среќа. Ова е исклучително важно затоа што само кога ние сме добро, можеме да бидеме добри и за сите други.
Како да најдеш време за грижа за себе?
Како да најдеш време за грижа за себе?
Поставувањето приоритети е одлична почетна основа. Раздвојувањето на важното од помалку важното ќе ни помогне подобро да го организираме денот и однапред да испланираме време и за своите потреби. Делегирањето и поделбата на обврските исто така е значајна вештина што ни помага да најдеме време за себе. Не мора сè да правиме сами, а заедничката работа на обврските ќе биде можност со блиските луѓе да испиеме и едно кафе.
Нурни се во она што го сакаш
Нурни се во она што го сакаш
Често не сме свесни што нè опушта и во што уживаме, но клучот е да погледнеме во себе и да откриеме што е тоа. А што е подобар сојузник во оваа работа од шолја топло кафе, кое ни помага подобро од било што друго да застанеме и длабоко да погледнеме во себе.
Ајде да имаме време и за себе
Ајде да имаме време и за себе
Само кога ние сме добро, можеме да бидеме добри и за другите. Затоа не ги занемарувајте своите потреби. Одвојте време за себе. Не преземајте премногу обврски на себе. Потрудете се секој ден да си приредите искуство во кое уживате и кое ви годи. И секако, не заборавајте го своето кафе, кое е истовремено и момент за уживање, но и можност подобро да се поврзете со себе.