Правила за заштита на приватноста

Atlantic Grand d.o.o (понатаму: Друштвото или ние) е дел од деловниот систем на Atlantic Grupa во рамките на кој се воспоставени и се применуваат високи стандарди на деловно управување и транспарентно работење, а кои подразбираат одговорно, законито и етички засновано однесување на сите правни субјекти на Atlantic Grupa, вклучително и почитување на приватноста и заштитата на личните податоци.

Раководејќи се од наведените стандарди, Друштвото како контролор на обработка во рамките на деловниот систем на Atlantic Grupa собира и обработува лични податоци законито, правично и транспарентно, согласно важечките прописи и преземајќи соодветни технички и организациски мерки насочени кон заштита на личните податоци од неовластен пристап и злоупотреба.

Друштвото е свесно дека заштитата на личните податоци е важна за нашите корисници и субјекти на податоци. Затоа сакаме да ви покажеме кои лични податоци ги собираме, како управуваме со нив и како се грижиме за нивната заштита.

Цели, обем и правна основа на обработката

Личните податоци се собираат за посебни, експлицитни и законити цели, во неопходен обем и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели.

Друштвото ќе собира и обработува лични податоци само во случаи кога тоа е дозволено со прописите:

  • обработката е неопходна за почитување на правни обврски;
  • кога лицето на кое се однесува податокот дало одобрение за обработка на своите податоци;
  • обработката е неопходна за извршување на договор во кој лицето е страна или за преземање дејствија на барање на лицето пред склучување на договорот;
  • обработката е неопходна за заштита на виталните интереси на лицето на кое се однесува податокот или на друго физичко лице;
  • обработката е неопходна за потребите на легитимните интереси на Друштвото или поврзаните друштва.

Собирање и користење на лични податоци

Лични податоци се информации што ве идентификуваат директно или индиректно, како вашето име, е-пошта, телефонски број, IP-адреса или поштенска адреса.

Друштвото не ги собира вашите лични податоци доколку вие изрично не ги доставите таквите податоци (на пр. со прашање за одреден производ или услуга, склучување договор или барање за одредени дејствија пред склучување на договорот, вклучување во програми за лојалност, при пријава на електронски билтен, учество во анкети, конкурси и наградни игри, нарачување примероци или брошури, барања за донации, како и при барање информации, доставување биографија или отворена понуда или пријава на конкурси за отворени работни места, како и вработување во нашето друштво…).

Вашите лични податоци ги собираме, чуваме, користиме или пренесуваме во обем – содржински и временски – кој е потребен во одредениот случај, на пр. за да одговориме на вашите прашања, да ги исполниме вашите барања, да ве информираме за нашите производи, резултатите од конкурсите или наградната игра, да извршиме договорна обврска или неопходни дејствија пред склучување на договор, или да ги извршиме другите наши законски или правни обврски. Од тие причини, Друштвото понекогаш треба да пренесе податоци на други фирми во рамките на Atlantic Grupa и поврзаните друштва или на надворешни даватели на услуги за понатамошна обработка. Давателите на услуги односно обработувачите на лични податоци можат, на пример, да бидат ангажирани во контекст на услуги на кол-центар, испорака на стока, дистрибуција на рекламни материјали или за организирање и спроведување наградни игри. Друштвото бара од тие страни прифаќање на важечките правни прописи, почитување на нашите упатства, како и усогласеност со нашите внатрешни правила за заштита на податоците за личност, како и барањата за примена на соодветни организациски и технички мерки за заштита. Од истите причини, понекогаш вашите лични податоци личност ќе мора да бидат пренесени и во држави од ЕУ или надвор од ЕУ, при што Друштвото се грижи тој пренос во сè да биде во согласност со законот и важечките прописи со примена на сите достапни и соодветни мерки за заштита на личните податоци.

Друштвото гарантира дека вашите лични податоци нема да ги продава никому, ниту ќе ги проследува или позајмува вашите лични податоци на трета страна, доколку тоа не е потребно за да се исполни одредена цел за која сте ни ги дале, односно гарантира дека вашите податоци нема да бидат дадени на било кој неовластен примач.

Можно е да мора да ги доставиме вашите лични податоци до надлежен орган на јавна власт доколку тоа го наложува законот или друг обврзувачки пропис.

Собраните податоци ќе се чуваат онолку долго колку што е потребно, имајќи ја предвид целта за која се собрани, односно во рок согласно важечките прописи.

Користење на лични податоци за рекламни и маркетиншки цели

Кога вашите лични податоци се користат за рекламни и маркетиншки цели согласно важечките законски прописи од областа на заштита на податоците за личност, вашите податоци ќе бидат зачувани и користени за тие цели, на пр. за испраќање билтени, примероци на производи, покани за учество на конкурси и во наградни игри, преку е-пошта или пошта или друг комуникациски канал што сте го прифатиле.

Доколку вашите лични податоци се користат за испраќање индивидуални (за вас) прилагодени реклами и промоции преку создавање и одржување кориснички профил, за тоа ќе бидете однапред, значи пред испраќањето на таквите реклами и промоции, известени, а пред ваквата обработка на податоци секако ќе побараме од вас посебна, експлицитна и информирана согласност. 

Вашите податоци по потреба ќе ги користиме за анализа и подобрување на ефикасноста на нашите интернет услуги, рекламирањето, маркетингот, истражувањето на пазарот и продажните напори, преку анкети или прашања од друг вид, или на начин што ќе обезбеди вашите лични податоци да се анонимизираат, односно да не можат да се поврзат со лице.

Остварување на правата на субјектот на податоците 

Во секое време можете да побарате од нас информација за вашите лични податоци што ги обработуваме или да побарате нивна исправка, можете да побарате прекин на користењето или бришење на вашите податоци за личност или повлекување на одобрението за сите или само некои цели (освен кога тоа не е можно, на пр. ако станува збор за обработка на податоци за статистички цели кога податоците веќе не овозможуваат идентификација), односно и пренос на податоците до друг обработувач под законски услови или да се одјавите од примање на нашите информативни и промотивни материјали.

Исто така, можете и да поднесете приговор на користењето на вашите лични податоци во ситуации што ги засноваме на постоењето на нашиот легитимен интерес, а секако кога ги користиме за потребите на директен маркетинг.

Од наша страна, во максимално можна и разумна мера ќе водиме сметка вашите лични податоци што сте ни ги ставиле на располагање да бидат правилно евидентирани, но одговорноста за нивната точност е ваша и ве молиме редовно и навремено да ги ажурирате, односно да ни доставите барање за промена или исправка.

За остварување на сите ваши права и обврски во поглед на користењето на личните податоци, можете да се обратите на е-поштата или адресата на седиштето на Друштвото, кои се наведени на веб-страницата, или на е-пошта: dpo@atlanticgrupa.com или според упатството на доставените промотивни материјали.

При контакт и поставување на наведените барања ќе вложиме разумни напори да го потврдиме вашиот идентитет и да спречиме неовластена обработка на податоците за личност.

По приемот на вашите барања, бараната активност ќе ја спроведеме во одреден рок, а најдоцна во рок од 30 дена од приемот на барањето, па ќе ве известиме за тоа по потреба, сè во согласност со законот. 

Малолетни лица

По правило, не собираме лични податоци на малолетни лица. Доколку такви податоци ни бидат пренесени без согласност на родителите или законските старатели, ќе ги избришеме во најкраток можен рок. Притоа, ќе се водиме според упатствата што сме ги добиле од вас како родител или законски старател.

Доколку за некоја цел сепак собираме лични податоци на малолетни лица во возраст во која според важечките закони е потребна согласност од родител за обработка на нивните лични податоци, за тоа ќе дадеме соодветна информација и ќе примениме разумни мерки за да утврдиме дека малолетниците имаат согласност од родител или законски старател.

Безбедност на податоците

Имплементиравме технички и организациски мерки за да спречиме губење на вашите податоци, измена, кражба или пристап од неовластена трета страна, односно каква било неовластена обработка. Пристапот до вашите лични податоци е ограничен само на оние вработени на кои тие информации им се неопходни за да ги обезбедат нашите услуги, односно да го решат вашето барање. Континуирано ги едуцираме нашите вработени за важноста на доверливоста на податоците и чувањето на приватноста и заштитата на вашите податоци. Ги собираме само оние податоци што се неопходни за конкретната обработка и не ги чуваме подолго отколку што е потребно, односно определено со законските прописи.

На нашата веб-страница понекогаш ќе можете да најдете линкови до други веб-страници или портали, а можеме да ви понудиме и функции на социјални мрежи што овозможуваат споделување на лични податоци на социјалните мрежи. Нашата препорака е секако претходно да се запознаете со правилата за заштита на личните податоци на тие портали или социјални мрежи или трети лица, како и со преземените безбедносни мерки на истите, бидејќи тие можат да се разликуваат од овие правила и од нашите преземени мерки, за што ние не сносиме одговорност.

Ограничување на одговорноста

Иако преземаме достапни технички, организациски и кадровски мерки за заштита на личните податоци од случајна или намерна злоупотреба, уништување, губење, неовластена промена или увид, не можеме да гарантираме дека некој од податоците што ги собираме никогаш нема да биде случајно откриен, спротивно на одредбите на овие правила за приватност.

До најголема мера дозволена со закон ја исклучуваме одговорноста за штета нанесена на корисниците или трети лица со случајно откривање на лични податоци.

Бидејќи немаме контрола врз личните податоци што ги доставувате при пристап или користење на други портали, односно непосредно до трети лица (на пр. при учество во спонзорирани активности), до најголема мера дозволена со закон ја исклучуваме одговорноста за штета што може да настане за вас или за трети лица поради доставување на лични податоци.

Ажурирање и измени

Го задржуваме правото да менуваме или ажурираме делови од овие правила во секое време и без претходна најава. Посетувајте ја нашата веб-страница одвреме-навреме за да бидете запознаени со измените или ажурирањето на Правилата. Ќе го наведеме датумот на почеток на примена на актуелната верзија на Правилата.

Овие правила последен пат се изменети на 04.3.2022 година.

Се вчитува