Политика за колачиња

За интернет страницата да работи правилно и за да може да се унапредува со цел подобрување на вашето искуство при прелистување, неопходно е да се внесе минимална количина информации (cookies) во вашиот компјутер. Повеќе од 90% од интернет страниците ја користат практиката на колачиња, па според правилата на Европската унија се обврзани да побараат согласност од корисникот. Со користењето на оваа интернет страница се согласувате со употребата на колачиња, при што со нивно блокирање и понатаму можете да ја прелистувате страницата, но некои нејзини можности нема да бидат функционални.

Што е колаче?

Колаче е информација внесена на вашиот компјутер од страна на веб-страницата што ја посетувате. Колачињата обично ги чуваат вашите поставки, поставките за веб-страницата, како што се претпочитаниот јазик или адреса. Подоцна, кога повторно ја отворате истата веб-страница, интернет прелистувачот ги враќа колачињата што ѝ припаѓаат на таа страница. Ова ѝ овозможува на страницата да прикажува информации прилагодени на вашите потреби.

Колачињата можат да чуваат широк спектар информации, вклучувајќи лични информации (како што се вашето име или е-пошта адреса). Сепак, оваа информација може да биде зачувана само ако вие тоа го овозможите – веб-страниците не можат да добијат пристап до информации што вие не им сте ги дале и не можат да пристапат до други датотеки на вашиот компјутер или мобилен уред. Стандардните активности на чување и испраќање колачиња до вас не се видливи. Сепак, можете да ги промените поставките на интернет прелистувачот за сами да изберете дали ќе ги одобрувате или одбивате барањата за чување колачиња, да ги бришете зачуваните колачиња автоматски при затворање на интернет прелистувачот и слично.

Како да се оневозможат колачињата?

Со исклучување на колачињата одлучувате дали сакате да дозволите чување на колачиња на вашиот компјутер или мобилен уред. Cookie поставките може да се контролираат и конфигурираат во вашиот веб-прелистувач. Ако ги оневозможите колачињата, можеби нема да можете да користите некои од функционалностите на веб-страниците.

Што се привремени колачиња?

Привремените колачиња или колачињата на сесија се отстрануваат од компјутерот по затворањето на интернет прелистувачот. Со нив веб-местата чуваат привремени податоци, како што се ставки во корпата за купување.

Што се постојани колачиња?

Постојаните или зачуваните колачиња остануваат на компјутерот по затворањето на програмата интернет прелистувач. Со нив веб-местата чуваат податоци, како што се корисничко име за најавување и лозинка, за да не мора да се најавувате при секоја посета на одредено место. Постојаните колачиња ќе останат на компјутерот со денови, месеци, па дури и години.

Што се колачиња од прва страна?

Колачињата од прва страна доаѓаат од веб-местото што го гледате, а можат да бидат постојани или привремени. Со овие колачиња веб-местата можат да зачуваат податоци што повторно ќе ги користат при следната посета на тоа веб-место.

Што се колачиња од трета страна?

Колачињата од трета страна доаѓаат од реклами на други веб-места (како што се скокачки или други реклами) што се наоѓаат на веб-местото што го гледате. Со овие колачиња веб-местата можат да го следат користењето на интернетот за маркетиншки цели.

Дали оваа веб-страница користи колачиња?

Да, со примарна цел нашите веб-страници да ви овозможат подобро корисничко искуство.

Какви колачиња користи оваа веб-страница  и зошто?

Привремените колачиња (Session cookies) се колачиња што истекуваат (и автоматски се бришат) кога ќе го затворите интернет прелистувачот. Ние користиме „session cookies“ за да го подобриме корисничкото искуство за време на посетата.

Постојаните колачиња (Persistent cookies) обично имаат датум на истекување далеку во иднина и така остануваат во вашиот прелистувач додека не истечат или додека рачно не ги избришете. Ние користиме постојани колачиња за подобро да ги разбереме навиките на корисниците, за да можеме да ја подобриме интернет страницата според вашите навики. Сепак, врз основа на вака собраните податоци не е можна идентификација на вас како корисник, а собраните податоци се користат исклучиво за статистички цели.

Дали на веб-страницата има колачиња од трета страна?

Постојат неколку надворешни сервиси што на корисникот му чуваат ограничени колачиња. Овие колачиња не се поставени од оваа интернет страница, но некои служат за нормално функционирање на одредени можности што им го олеснуваат пристапот до содржината на корисниците. Затоа информациите за заштита на податоците со кои овде сте запознаени важат само за оваа интернет страница, а заштитата на податоците од страна на надворешните сервиси треба да ја проверите на нивните официјални страници.

Во моментов овозможуваме:

Мерење на посетеност

Оваа веб-страница користи сервиси за мерење на посетеност; тоа е: Google Analytics. Ни врз основа на вака собраните податоци не е можна идентификација на корисникот, а собраните податоци се користат исклучиво за статистички цели. Ако сакате да им оневозможите на наведените сервиси да ви чуваат колачиња, можете да го забраните тоа за секој сервис на следните линкови:

Дополнителни информации во врска со исклучување на колачињата

Во моментов постојат неколку веб-страници за исклучување на чувањето колачиња за различни сервиси.

Повеќе информации можете да најдете на следните линкови:

http://www.allaboutcookies.org/

http://www.youronlinechoices.eu/

Се вчитува