Вест

АЈДЕ ДА ИМАМЕ ВРЕМЕ И ЗА СЕБЕ

Вест

„Почни таму каде што си, искористи го тоа што го имаш, направи го тоа што можеш.“ Овој цитат на славниот американски тенисер Артур Еш, по кого е именуван главниот стадион на комплексот на US Open, често се користи како мотивирачка порака дека на патот кон која било цел треба веднаш да се фатиме за работа, без да чекаме посреќни околности. Меѓутоа, денес темпото на живот е такво што на многумина им треба поттик и мотивација не за да бидат попродуктивни, туку за да – забават.

Ако се уловите себеси како поголем дел од денот го поминувате во петта брзина, правејќи само она што мора, а не и она што навистина ви е потребно, важно е за миг да застанете и да се сослушате себеси. Хроничниот умор, лошиот сон и безволноста се само некои од симптомите со кои телото ни сигнализира дека му е потребна пауза. Можете да чекате да поминат, но тоа е како кога ја игнорирате вклучената лампичка за мотор во автомобилот. Проблемот нема сам да се реши, а постои ризик да „прегорите“.

Владејте со својот ден 

За да не ви се случи тоа, не ги одложувајте активностите со кои ги полните батериите под изговор дека немате време. Времето е драгоцен ресурс со кој треба внимателно да се ракува, но често забораваме дека самите избираме како ќе ги потрошиме своите 24 часа. На тоа уште еднаш нè потсетува Гранд кафe, со препознатливата порака „Ајде да имаме време“ – за себе, за моменти на опуштање и уживање, за средување на сопствените мисли – и тоа веќе денес.

Дури и ако ви се чини дека немате слободни термини, сигурно можете да ослободите барем половина час за одмор. Исклучете го ѕвонењето на телефонот, одложете го договорениот состанок на кој сте се согласиле само за да им удоволите на другите, ослободете се од притисокот дека мора да бидете најдобар родител, партнер и пријател.






А еве и предлог активности што можете да ги започнете уште денес:

  • Прошетка во парк: Можеби во близина на домот или работата имате парк, патека обрабена со дрворед или убаво уредена кејска патека. Дури и ако не ви е баш блиску, денес сменете ја рутата по која се враќате од работа. Поминете време во опуштена или брза прошетка, во зависност од тоа што повеќе ви годи. Вдишете свеж воздух и оставете ги мислите слободно да талкаат. 
  • Гимнастика дома: Започнете го денот со едноставни вежби, како оние што ги правевме на часовите по физичко. Иако можеби изгледаат како последното нешто што сакате да го правите кога сте уморни, вежбањето е моќен лек против стрес и исцрпеност. Целта нека биде 30 минути дневно одеднаш или во кратки, 10-минутни интервали. 
  • Читање, подкаст, стекнување нови знаења и вештини: Наместо одморот во текот на денот да го потрошите на телефонот проверувајќи пораки, мејлови и социјални мрежи, искористете го тоа време за некоја од активностите што најмногу ве исполнуваат, а истовремено ги прошируваат и видиците и знаењата. Со денешните достапни апликации и туторијали, можете дури и да учите странски јазици и тоа сосема бесплатно. Нема подобар, а покорисен начин да се опуштите и да побегнете од секојдневниот стрес. 
  • Кафе без брзање: Нека паузата за уживање во шолја од омиленото кафе стане ваше време за средување на мислите и опуштање, момент што свесно сте си го подариле себеси.  Потоа сите обврски и рокови делуваат помалку страшни и полесно совладливи.
  • Ритуал за опуштање во бањата: Туширањето секому непогрешливо му годи и освежува, па зошто оваа дневна рутина не би ја претвориле во повеќечасовен, релаксирачки ритуал во када? Освен што непогрешливо ослободува од емоционален и ментален стрес, добрата детокс бања ќе го ослободи вашето тело и од штетни материи. Потоа можете да одвоите уште малку време и за нега на лицето и така да си приредите комплетен третман што сигурно ќе ви ја врати енергијата. 

Зошто е важно да најдете време за себе

Грижата за себе не е луксуз, туку неопходност и нема врска со себичност. Ако не се слушаме себеси и не се грижиме за сопствените потреби, ризикуваме да „вриеме“ бидејќи под притисок сè пука, па така и нашиот организам кога ќе го префорсираме

Колку и да ќе го префорсираме обврски на работа и дома, важно е да признаете дека не можете и, можеби уште поважно, всушност и не мора да правите сè. Подредете ги задачите според важност, а оние што не се важни едноставно прецртајте ги или одложете ги за некое друго време.

Единственото нешто што не може да се одложи за некое друго време е всушност грижата за себе. 

Почнете таму каде што сте сега, со она што го имате, направете го тоа што можете. Grand кафе ви порачува дека почетокот е во оној момент кога вие ќе одлучите навистина да промените нешто. 


Вест
Се вчитува