Шолјата кафе е совршен поттик за разговор, а сè е полесно и поубаво со разговор.
Домашното кафе секој го подготвува на свој начин, но за воопшто да го приготвиме мора да внимаваме да не прелее.
Слично е и со нашите емоции - ако не обрнуваме внимание, лесно може да се случи да ни излезат од
контрола. Затоа е важно да одвоиме време за разговори - да се слушаме себеси, но и да ги чуеме другите, да
се преиспитаме и пофалиме од време на време, да споделуваме убави настани и да зборуваме за предизвиците и
да бараме решенија за пречките на кои наидуваме.
Затоа Гранд кафа порачува: Ајде да имаме време за разговор!
Без разлика дали е со некој друг или со самите себе, разговорот со шолја кафе подразбира слушање на себе и
другите, отворање, соочување со проблемите и нивно решавање.
Во постојаното брзање, преплавени со дневните обврски и притиснати од кратките рокови, често забораваме на
значењето на искрениот и отворен разговор и неговата ослободувачка и лековита улога. И кога станува збор за размена на мисли
и чувства со драги луѓе, но и кога „разговараме со самите себе“ и во тишина ги средуваме сопствените
мисли.
Често се прашуваме дали е „моето време", ослободено од сите обврски, планови и грижи, луксуз во современиот свет?
Можеме ли да застанеме и навистина, искрено и суштински да се посветиме на себеси и на работите што ги сакаме; да не
правиме планови за утре, да не размислуваме за незавршената работа и неплатените сметки? Можеме ли
навистина да се фокусираме на себеси?
Предизвикувачките времиња како ова покажуваат колку е важно ние самите да бидеме задоволни со себе и
исполнети, да разговараме и да не чуваме сè во себе. Важно е да водиме грижа за себеси и за сопственото
ментално здравје, бидејќи токму со грижата за себе обезбедуваме да бидеме на вистински начин присутни во животите
на оние што најмногу ги сакаме.
Затоа, ајде да имаме време за разговор! Ајде во непредвидливото и забрзано секојдневие,
да најдеме време најпрво да се слушнеме себеси, сопствените чувства и потреби. Ајде преку „своето време“
да се зајакнеме себеси, за така силни да можеме да бидеме тука за другите. Ајде да имаме време за разговор со
драги луѓе, затоа што разговорот е она што нè поврзува сите и прави да нè исполни чувството на блискост и припадност.