Вест

И мирис и вкус и мерак

Вест

Што се работи на југ? „Свратете“ да го чуете единствениот јужњачки говор, да ја видите убавината на нашиот југ и да ја почувствувате гостопримливоста и отвореноста на нашите луѓе. „Викај го на кафе!“ – ќе кажат јужњаците пред да приготват едно вистинско домашно и со мерак да го испијат со соседот. 

Тука секое место има свој единствен шарм, чиј составен дел е и локалната гастрономска понуда – далеку познатиот лесковачки скараџиски специјалитет се бара и надвор од границите на Србија, исто како и пиротскиот кашкавал и пегланата колбасица.  

А за јужњаците велат дека знаат што е вистински мерак – дека знаат да уживаат во омилената храна, пијалак и кафе. Јужњаците знаат дека кафето не е „само една голтка набрзина“; домашното кафе е вистински мерак, особено кога го пиеме со соседите! 

За на некој начин да ги прослави гостопримството, отвореноста и великодушноста, кои се карактеристични за југот на нашата земја, Гранд кафе подготви посебна кампања за овој дел од Србија – и тоа со мерак! 

„Со мерак прифатив да бидам дел од новата кампања за Гранд кафе, бидејќи убавината на овој дел од Србија треба постојано да се истакнува! За мене е мерак да уживам во секој ден во мојот роден крај, да прошетам низ градот, да поразговарам со соседите, но на крајот секогаш – да го испијам моето омилено домашно – Гранд кафе. Моментите на пиење кафе се моменти на вистинско уживање во единствениот мирис и вкус“, вели еден од нашите познати „јужњаци“, актерот на Лесковачкиот театар Предраг Пепи Смиљковиќ, кој се прослави со улогата на Тика Шпиц во познатата серија „Семејно богатство“. 

А за уживањето да биде целосно, Гранд кафе, во соработка со партнерите Мармил трговине, АС трговине и Чутура маркети, им обезбеди на своите купувачи и интересни подароци. Затоа брзо посетете ги овие продажни објекти, купете Гранд кафе и очекувајте вредни подароци! 

Вест
Се вчитува