Да, тоа е таа шолја што нè буди наутро, првата голтка ни дава енергија, ги полни батериите за нов работен ден, а попладне нуди миг на вистинско уживање. Во секој повик на кафе се крие и желба за разговор и зближување со други луѓе. Тоа е повик на пауза со колегите или повик на дружење со пријателите. Секоја испиена шолја кафе со драги луѓе ни носи моменти на опуштање, рекреација и уживање.
Сето тоа е само дел од она што го очекуваме од омилениот напиток. Кога ќе ги изоставиме сите овие лични чувства и очекувања кои се неизбежни кога станува збор за кафето, дали некогаш сте се запрашале што сè е потребно за во нашата шолја да се најде совршена комбинација на вкус? Таа зависи од квалитетот на зрната, степенот на пржење, аромата и умешноста на мајсторот што ја подготвува, како и од самото пакување во кое се наоѓа пред да ја приготвиме во ѓезве и да ја сипеме во омилената шолја.
Квалитетно кафе е и она во чие пакување се кријат исклучиво зрна кафе, без разни додатоци. А самото зрно до производството пристигнува од далечните плантажи на Бразил, Индија, Виетнам и Уганда, од кои се бере кога ќе ја достигне својата целосна зрелост, односно кога ќе добие темноцрвена боја. Тука настапува важен момент: тајната на доброто кафе, велат специјалистите, многу зависи и од тоа колку внимателно се бере. Најдобриот квалитет се обезбедува токму со рачно берење.

Тука секако не е крајот. Кога совршеното зрно кафе ќе пристигне на местото на производство, време е пржачот да ги покаже своите способности на дело. Печењето е процес во кој одредени ароми се губат, а други се ослободуваат, а на мајсторот е да го процени моментот кога свежо меленото кафе ќе го добие добро препознатливо мирис и вкус. Дали знаевте дека во еден момент од печењето, дури 800 различни ароми се ослободуваат под топлина, и секоја од нив придонесува за вкусот и мирисот на домашното кафе!
За конечниот вкус на вистинското домашно кафе, во споредба со сите други видови, од најголема важност е да биде фино мелено. Ова се постигнува на два начина: ладно и мелење на камен. Мелењето на камен е посебна „вештина“ бидејќи поради големиот број вртежи меѓу двата камена, се развива висока температура која мора строго да се контролира.
И на крај, но секако не и помалку важно, е и начинот на кој аромата се чува во кесичката во која кафето е спакувано. Вистинската амбалажа е клучен заштитник на омилениот напиток од неговите главни „непријатели“: кислородот и влагата.
Кога вака ќе ги претставиме сите фактори што влијаат врз совршенството на вкусот на нашето омилено домашно кафе, заклучуваме дека само одредени производители можат да ги исполнат нашите високи очекувања. Емоционалната вредност што шолјата кафе ја има за секој од нас токму се надополнува со правилниот избор.
Кога станува збор за омилениот напиток како што е свежо меленото кафе, веруваме дека не прифаќате компромиси кога станува збор за квалитетот и оној неодолив мирис и вкус што претставува дел од вашето секојдневие!