Но, дали знаевте дека овој "црн напиток" делува позитивно и кога се користи во козметички цели? Љубителите на кафето имаат причина за славење бидејќи тоа има бројни придобивки и за убавината. И додека пиењето шолја свежо мелено кафе ви дава енергија, негата на кожата со сапун или крема што содржи кафе исто така ветува цела низа благодети за кожата.
Кафето е богато со антиоксиданти: Животната средина е полна со слободни радикали (честички на загадување) кои предизвикуваат негативни промени на кожата. Меѓутоа, консумирањето кафе, кое е полно со антиоксиданти, ја штити и зајакнува кожата. Некои студии покажуваат дека екстрактите од зрната кафе може да бидат одговорни за зачувување на енергијата на клетките на кожата.
Ја штити кожата од сончевите зраци: UVB зраците може да доведат до посложени и по живот опасни кожни болести, а кофеинот од кафето може да ја заштити. Кафето ја прави кожата мазна и светла: Поради своите квалитети кафето игра пресудна улога во регулирањето на повторниот раст на клетките, ја одржува хидратацијата на кожата и влијае на зголемувањето на нејзината еластичност.
Ја засилува циркулацијата: Кафето ја поттикнува циркулацијата на крвта што доведува до здрава кожа. Тоа го намалува отекувањето на ткивото и оштетувањето на кожата. На пример, коцките мраз од кафе се совршено решение за отечени места на кожата.
Еве 5 неверојатни благодети на кафето за кожата:
1. Пилинг за лице
Домашното кафе одлично функционира како пилинг бидејќи не е грубо за кожата. Испробајте природен пилинг и измешајте свежо мелено Grand кафе, кафеав шеќер и маслиново масло. Откако добро ќе ја измешате смесата, масирајте ја со кружни движења по лицето за да ги отстраните мртвите клетки на кожата.
2. Пилинг на скалпот
Додека уживате во полниот вкус на кафето од вашата омилена шолја, не заборавајте дека освен за нега на кожата, можете да го користите и за нега на косата, бидејќи кафето е исто така одличен пилинг за скалпот. Земете половина шолја свежо мелено кафе и две минути масирајте ја мократа коса. Измијте ја со шампон и регенератор. Ова ќе ви помогне да се ослободите од вишокот насобрани производи и мртви клетки на кожата.
3. Антицелулитен пилинг за тело
Оваа генијална состојка е исто така позната како одличен пилинг во борбата против целулитот. Имено, кафето помага во затегнувањето на кожата и ја намалува појавата на целулит. За да направите пилинг за тело, измешајте домашно кафе со една лажица маслиново масло и шеќер. Користете ја оваа смеса и масирајте ги критичните места со кружни движења. Оваа рутина можете да ја практикувате секојдневно, во зависност од вашиот тип кожа.
4. Избелувач на кожа
За блескав тен испробајте маска од кафе. Земете половина шолја Grand кафе и измешајте ја со неколку лажици млеко за да добиете густа смеса. Користете ја оваа мешавина како средство за лице, нанесете ја и оставете да отстои 10-15 минути, а потоа исплакнете ја со млака вода. Оваа маска за лице ќе ви помогне да ги отстраните мртвите клетки од кожата и да добиете изедначен сјаен тен.
5. Подуени очи
Кафето ја зголемува циркулацијата и исто така помага во намалување на отеченоста бидејќи има високи антиоксидантни својства. Тоа помага во стеснување на крвните садови и одлично делува на намалување на отеченоста на очите. Кога ќе сварите шолја Grand кафе, по уживањето во него, зачувајте ја талогот и оставете го да се олади некое време. Потоа нанесете го на подрачјето под очите и држете го неколку минути. За подуени очи можете да пробате и коцки мраз од кафе.