Утринска рутина
За да ги задржиме здравите навики и да останеме продуктивни, најдобро е да воведеме утрински рутини. Да, секако дека местењето на креветот се подразбира, но мали ритуали како туширање, подготвување на лесен појадок (здрав уште подобро), јога или медитација од десетина минути, ќе помогнат да се разбудиме и денот да го започнеме правејќи нешто корисно за себе што ни создава добар чувство. Додека се подготвуваме за работниот ден, ја подготвуваме и првата шолја утринско кафе која дополнително ни ја буди енергијата и создава чувство на свежина.
Чист и уреден простор
Доколку работите од дома, важно е добро да се организирате, да го адаптирате својот дневен простор во „канцелариски“, а своите обврски да ги распоредите според приоритети. Работно биро, тивка амбиентална музика и тетратка за белешки се сосема доволни за вашиот мозок да сигнализира дека работите, а доколку работната површина ја одржувате чиста и прегледна, ќе имате повеќе волја за работа.
Направете пауза за кафе
По неколку часа работа, ништо не годи како шолја силно, домашно кафе! Самата миризба на кафето асоцира на пријатност и уживање, а кратката пауза за подготовка и сервирање на омилениот пијалок е доволна да нè опушти и растовари. За да ги почувствувате неговите придобивки, консумирајте Домашно кафе без никакви додатоци. За дополнително уживање, затворете ги очите накратко и дозволете кафето со својот полн вкус да ги разбуди сите ваши сетила!
Користете ја Помодоро техниката
Развиена од страна на Франческо Цирело кон крајот на осумдесеттите години, оваа техника помага во зајакнување на продуктивноста така што времето за работа го дели на два сегмента од по 25 минути и две пократки паузи од по 5 минути. Петте минути пауза искористете ги да ги повикате најблиските, да ги полеете цвеќињата, да се почестите со ужинка. Оваа практика ќе направи вашиот мозок да се навикнува на кратки паузи, а за време на работата ќе имате подобра концентрација.
Доволно сон
Истражувањата покажуваат дека недостатокот на сон е во директна врска со опаѓањето на продуктивноста. За да имате минимум седум часа сон, би требало да легнувате приближно во исто време и да не го одложувате алармот за будење наутро. На овој начин ќе создадете рутина, а вашето тело ќе се навикне на правилен циклус на спиење.
Кои се вашите „мали совети“ за продуктивен ден?