Станува збор за неодоливиот мирис и вкус, на свежото и ароматично кафе со кое повеќето од нас го започнуваат својот ден, а кое веднаш го подига расположението и дава сила за сите претстојни обврски.
Кафето, како еден од најпопуларните напитоци во целиот свет, токму поради својата популарност беше честа „тема“ на бројни истражувања со кои беа докажани неговите многубројни придобивки за нашето ментално и физичко здравје. А радоста и уживањето што ни ги дава една шолја омилено домашно кафе, особено кога го пиеме во друштво на оние што ги сакаме, се факти во кои може да се увери секој од нас.
„Не можете да купите среќа, но можете да купите кафе - што е прилично слично“ - гласи цитатот што често можеме да го видиме на социјалните мрежи, а кој е омилен меѓу сите нас што не можеме да си го замислиме денот без шолја кафе. Но, многумина се прашуваат зошто кафето всушност има такво влијание врз нашето расположение?
На ова прашање постои одговор во форма на едноставно научно објаснување - кофеинот ги стимулира невротрансмитерите во мозокот кои лачат допамин, хормонот на среќата, и глутаминската киселина - главните „виновници“ за нашето добро расположение.
Токму поради тоа кофеинот се смета и за силен сојузник во борбата против депресијата.
Во прилог на овие тврдења зборуваат и бројни студии посветени на овој популарен напиток, чии резултати секогаш воделе до ист одговор - кафето претставува вистински еликсир на среќата, а неговото пиење секогаш е поврзано исклучиво со позитивни емоции, додека, од друга страна, со неговата консумација не можеше да се поврзе ниту едно негативно чувство.
Исто така, истражувањата докажаа дека на намалување на стресот влијае и - самата арома на кафето!
Сепак, објаснувањата за придобивките од пиењето кафе не мора да бидат исклучиво научни - многумина од нас и самите се сведоци на бројни среќни моменти во текот на денот што се „предизвикани“ токму од кафето.
Пиењето кафе за многумина од нас претставува ритуал што го поврзуваме со опуштање, одмор, дружење, неформален разговор со пријатели, колеги и домашни, и со сите оние ситуации во кои се чувствуваме растоварено, опуштено и, пред сè - среќно! И затоа е важно да имаме време за овој ритуал што не може да го надополни било кое кафе, туку она вистинското домашно, сварено така како што го сакаме, со полн вкус и мирис што буди емоции.
Затоа, трудете се секој ден да најдете време и на вашиот организам да му го дадете ова мало задоволство секој ден - освен што вашето тело ќе ви биде благодарно затоа што физички ќе се чувствувате добро, ќе бидете весели, ведри и позитивни!