Вест

Миризливи свеќи со зрна кафе – идеална декорација за вашиот дом

Вест
Покрај тоа што будат пријатно чувство, аромите на миризливите свеќи ги надразнуваат сите наши сетила, а нивното изработување е едноставно и брзо.

Попладневниот ритуал на пиење шолја штотуку сварено домашно кафе нема цена. Во тишина или со лесна музика, сами или во друштво, со мирисот на топол пијалак уживањето е загарантирано. Опуштачкиот мирис на кафето може да ве пречека и кога ќе влезете во станот, уморни по дневните обврски, и речиси сигурно да ве опушти и да ви ја врати енергијата. 

Потребни ви се:

Стаклена шолја
1 лажичка мелено кафе
Восок
Фитил
Метален или стаклен сад за мешање
Лонец

Постапка:

Додајте го восокот во метален сад и ставете го над лонец што е до половина исполнет со вода. Загрејте ја водата и почекајте восокот да се стопи.

На дното од стаклената шолја во која сакате да ја направите свеќата поставете фитил и додадете мелено кафе. Половина од стопениот восок истурете врз кафето и почекајте да се олади. Другата половина од стопениот восок измешајте ја со големите зрна кафе, а потоа истурете ја во садот водејќи сметка врвот на фитилот да остане над восокот. Оставете добро да се олади.

За дополнителна арома можете да додадете стапче цимет или ванила за да добиете малку посладок мирис.

Зимскиот период, кога повеќе време поминуваме дома, е идеален за „направи сам“ туторијали. 

Вест
Се вчитува