Вест

Откријте сè што не сте знаеле за кафето од сортата Арабика

Вест
На прашањето што најлесно нè разбудува, што е тоа што претставува уживање за сите наши сетила, а воедно е и ритуал на дружење со пријателите – одговорот е едноставен и непогрешлив – шолја омилено кафе!

Навистина, голем број луѓе обожаваат да го пијат овој магичен црн напиток и не можат да го замислат својот ден без него. А последниве години сè повеќе се љубителите на кафето со префинет вкус кои, покрај уживањето во омилениот вкус и арома, сакаат да дознаат сè за него, внимателно истражувајќи ги историјата, ботаниката и процесите што се користат при добивањето на најквалитетното кафе. 

Познат е фактот дека токму тоа, најквалитетното кафе, внимателно одгледувано на далечни плантажи и на идеални температури, по својот состав е 100% Арабика. Овој вид кафе со ароматично-сладок вкус и умерена киселост е вистинска мала егзотика во шолја, а неговите сорти ја дефинираат аромата и специфичноста на вкусот на самиот напиток. 

Кафето од сортата Арабика е „нежно и пребирливо“ кога станува збор за одгледување и квалитет, па токму затоа има највисока цена на светскиот пазар. Успева во блага клима и, во зависност од регијата, зрната што нам ни изгледаат исто, нудат богат спектар на различни вкусови и разни ароми, од цветни, цитрусни, па сè до јаткасти, карамелни и чоколадни ноти. Без разлика дали ќе одберете да уживате во 100% Арабика кафе од плантажа во Бразил или од височините на Руанда, секоја голтка ќе биде посебна и специфична и ќе раскаже приказна за патот на кафето, неговата најфина текстура и свежината што ја поседува секоја Grand Single Origin кесичка. 

Ритамот на Бразил во зрното кафе

Кога ќе кажеме Бразил, помислуваме на карневали, бели песочни плажи и, секако, кафе. Бразилските фармери ја препознаа моќта на непристапните региони, големите надморски височини и топлата бразилска струја за создавање кафе со врвни ароми што настанува во недопрена, богата вегетација.

Cerrado е биолошки најбогатата савана во светот, а вистинските познавачи на кафето особено ја ценат аромата на кафето од овие краишта - со мек, јаткаст вкус. Grand Brazil Cerrado кафето е одгледувано во регионот Cerrado de Minas Gerais, кој прв во целиот Бразил е заштитен со ознака на потекло за висококвалитетно кафе. 

Зрната на ова кафе рачно се обработуваат, а потоа се сушат на сонце, со што се создава сложеност на вкусот и се добива мазна и слатка текстура.  Доколку сакате благо кафе што не е премногу кисело, со средно интензивна текстура – Grand Brazil Cerrado е напитокот за вас! 

ground coffee with coffee beans

Егзотиката на Руанда во аромата на кафето

Кога во штотуку отворено пакување кафе ќе го почувствуваме неговиот маѓепсувачки мирис со примеси на цитрусни ноти, знаеме дека станува збор за кафе од Руанда. 

Во срцето на Африка, на ридовите на Руанда се одгледува старата сорта кафе - Арабика Бурбон. Оваа сорта дава помалку плодови годишно, па затоа е и особено ценета. За разлика од Арабиката со потекло од Бразил, во Руанда примарната обработка на зрната кафе се врши со влажен процес, кој бара употреба на специјална опрема и значајна количина вода, за потоа да се сушат на сонце. Гран Rwanda Bourbon е одгледувано на плантажата Mubuga за обработка и сушење на кафе, која е добитник на престижниот „Cup of Excellence“ - натпревар за најквалитетно кафе во регионот. Во просек, плантажата Mubuga обработува околу 480 тони кафе годишно од мали фармери од тој регион, од кои речиси 40% се жени. Неговата богата текстура, која ја карактеризира единствена спојка на чоколадо со примеси на цитрусни ноти, ќе ги возбуди непцата на секој љубител на кафе.

Кафето е ритуал, начин за будење, повод за средба и разговор, напиток што ни обезбедува подобро расположение. Без разлика дали преферирате полна текстура и сладок вкус или пак нешто покисели ноти, двата нови Single Origin вкуса Grand Rwanda Bourbon и Grand Brazil Ceraddo ќе ви донесат богато искуство за сите сетила. Мирисот и вкусот во впечатлив дизајн што раскажува приказна за далечни региони и егзотични краишта ќе го освежат вашето искуство со пиењето кафе, внесувајќи свежина во старата добра навика што не треба да се менува. 


Вест
Се вчитува