Вест

Предизвикај се: најди време за хоби

Вест
Покрај многубројните обврски и „морања“ на кои го трошиме поголемиот дел од секојдневието, активностите што нè исполнуваат со задоволство често остануваат во втор план.

На љубителите читањето не ретко им се случува покрај креветот со месеци да им стои феноменална книга што никако да ја довршат. Сметаат дека ќе имаат повеќе време кога ќе заврши важниот проект на работа. А потоа доаѓа нов проект, на децата им треба поддршка околу училиштето и повторно се во маѓепсаниот круг на обврски.

Ако и кај вас работите што го прават животот поубав се последни на листата на приоритети, време е да ја преправите листата. Миговите што ги одвојуваме за себе не се луксуз, туку неопходност, и кога забораваме да се грижиме за сопствените потреби, телото ќе најде начин да ни каже „е, сега е доста“. Проблемите со спиењето, хроничниот умор, ослабениот имунитет и главоболките се само некои од симптомите дека сте на пат под товарот на обврските да „изгорите“.

Зошто повремено самите не би го притиснале копчето за пауза што ни е потребно на сите? Со препознатливата порака „Ајде да имаме време“, Grand kafa ве потсетува дека времето е драгоцен ресурс што треба внимателно да се троши. Овојпат, поставете си предизвик да најдете време за хоби, без разлика дали станува збор за нова активност или некоја стара, неправедно запоставена пасија.

Зошто е добро да имате хоби

Декупаж, фотографија, танцување, риболов, готвење или занимавање со астрологија – секоја активност што ви причинува задоволство ќе ви помогне да се опуштите и да се ослободите од стресот. Хобија што ги раздвижуваат мускулите, како што се јогата, пилатесот, трчањето, па и градинарството позитивно влијаат и врз физичкото здравје. Тоа важи и за сите видови спорт.

Изработката на накит, шиењето, везот и другите ракотворби бараат концентрација што ќе ви биде од голема корист во други области од животот, додека активностите што вклучуваат креативно изразување, без разлика дали станува збор за сликање, пишување или музика, дополнително ја развиваат креативноста.

Хобијата се исто така одлична прилика за поврзување со други што делат слични интереси и го збогатуваат општествениот живот. Ако спаѓате во затворени лица, часовите по салса или одењето на планинарска тура се прилика да се ослободите во комуникацијата со луѓето и да стекнете нови пријателства. 

Подобра организација на времето

Дали времето одвоено за хоби е луксуз во денешно време кога сме опседнати со сè подолги списоци на обврски? Се разбира дека не е. Тоа е суштинска потреба да си дозволиме малку „празен тек“, правејќи нешто не затоа што мораме, туку исклучиво затоа што ни причинува задоволство. 

Иако звучи како парадокс, со хоби веројатно ќе научите подобро да го организирате своето време. Кога ќе одлучите да се посветите на нешто што ве исполнува и радува, полесно ќе се справите со дигиталните дистракции што денес се најголемите „крадци“ на време. Ќе научите и полесно да им кажувате „не“ на другите за да останете верни на сопствените потреби. 

Запомнете, кога се запоставувате себеси, уморот, незадоволството, тагата и многу други потиснати емоции нема едноставно да исчезнат. Ќе продолжат да се натрупуваат, да „вријат“ и „клокотат“ додека еден момент не „експлодираат“.

Затоа сварете си кафе и размислете дали постои нешто што одамна сакате да го направите, а што не бара многу време, труд и пари, а некако секогаш го одложувате. Grand kafa ви порача да одвоите време за активности што ви ги полнат батериите, а животот го прават полесен и поубав.

Предизвикот прифатен? Брзо отворете планер и најдете време за себе.


Вест
Се вчитува