Одговорот често се крие во – блендот. Токму вештината на комбинирање различни видови кафе е заслужна за препознатливиот вкус во омилената шолја.
Основната разлика помеѓу двата најпознати ботанички вида кафе, арабика и робуста, лежи во нивниот состав и карактер. Арабиката содржи околу 1,5 отсто кофеин и е позната по богатството на ароми и сложениот профил на вкус. Затоа, таа ја сочинува основата на речиси сите блендови, особено во домашното, традиционално кафе, каде нејзиниот удел често надминува 80 проценти.
Робустата, од друга страна, има околу 3 отсто кофеин. Ја карактеризира познатата горчина и полнота, а има и важна улога бидејќи му дава на напитокот густина, а на вкусот дополнителна јачина и стабилност.
„Арабиката има сложен профил на вкус, сè она сакано и познато што го бараме во кафето. Робустата не е сама по себе лошо кафе, туку е помалку комплексна, но носи богатство на екстракт и полнота. Токму затоа мешавината е пожелна, особено кај традиционалното кафе. Преголемата киселост на арабиката може да го наруши балансот, а робустата помага да се постигне рамнотежа“, објаснува Илија Ѓуриќ, специјалист за кафе, истражување и развој од Атлантик Група.
Добро избалансираниот бленд го носи најдоброто од двата света, ароматичноста и сложеноста на арабиката, со силата и полнотата на робустата. Резултатот е кафе кое има карактер, но останува пријатно и лесно за пиење, токму такво какво што сакаме да пиеме секој ден. Најубавиот дел од приказната за блендовите е тоа што секој може да го пронајде вкусот што најмногу му одговара. Затоа Гранд кафе ги повикува сите љубители на кафе да го истражат нашиот разновиден портфолио и да го откријат својот идеален бленд, било да бараат богата арома, полна структура или совршено избалансиран вкус за секојдневно уживање.