Плодот на кафето
Дали знаевте дека кафето расте на грмушка или дрво од родот кафе, а неговите цветови по мирис потсетуваат на јасмин? Плодот на дрвото кафе се нарекува чери или цреша. – На почетокот на процесот на зреење плодот е зелен, но брзо ја менува бојата во жолта, а на крај и во темноцрвена. Темноцрвената е знак дека плодот на кафето созреал и дека може да се бере, а тука настапува важен момент: тајната на доброто кафе, велат специјалистите, многу зависи и од тоа колку внимателно се бере. Имено, истото дрво кафе, па дури и иста гранка, може да носи незрели, зрели или презреани плодови, па рачното берење е најдобар начин да се обезбеди врвен квалитет на бербата.

Избор на зрна кафе
Вкусот на кафето секако зависи од самиот начин на подготовка, но всушност во најголема мера зависи од квалитетот на зрната. Професионалниот дегустатор на Grand кафе, Илија Ѓуриќ, вели дека пред пржењето го проучува секое зрно сурово кафе, кое потоа го следи за време на пржењето и мелењето. „Мојата задача е да обезбедам идеална мешавина од состојки што ќе се најдат во секоја шолја Grand кафе. Фокусиран сум да ги изострам своите сетила и да го проценам квалитетот на зрната – да ја почувствувам рамнотежата меѓу слаткоста и киселоста, посилниот и погорчлив вкус, избалансираната арома, јачината и полнотата на вкусот... Тоа не се променило во последните две децении, колку што сум во оваа работа“, открива Илија.
Доброто кафе е секогаш со ист вкус
За време на пржењето на кафето, зрната се зголемуваат речиси 100 проценти, се развиваат стотици ароми и само една секунда пржење, над предвиденото време, би го променила вкусот на омилениот напиток. Процесот на пржење е автоматизиран, што значи дека сите параметри се подесени, меѓутоа, неопходно е изострено сетило на пржачот, кого ниту еден компјутер не може да го замени. Неговата задача е да го процени совршениот момент кога кафето е подготвено за пакување, со што Grand кафе никогаш не го менува својот вкус. Едноставно – секогаш е совршено, баш како и првиот пат кога го пробавте.
Значењето на мелењето: ладно или на камен
За конечниот вкус на вистинското домашно кафе, во споредба со сите други видови, од најголема важност е да биде фино мелено. Само кога ќе поминеме со лажица низ свежо мелено кафе, можеме да го процениме квалитетот според тоа дали е крупно или еднакво мелено. Постојат два начина на мелење на зрната кафе: стандардно, односно ладно мелење, со кое се добива сомелено зрно чии деликатни и единствени ароми остануваат непроменети, и мелење на камен, кое е нешто поспецифично. Камените мелници, всушност, содржат еден стационарен и еден ротационен камен, меѓу кои се става кафето. Поради големиот број вртежи меѓу камењата, за време на ваквото мелење се развива висока температура, така што зрното во суштина поминува низ уште еден циклус на загревање. Затоа температурата во овој процес мора строго да се контролира, па долгогодишното искуство на пржачот навистина е важно.
За производство на Grand кафе, се користи токму овој тип на мелење, а со вистинските потези на мајсторот, вашето омилено домашно кафе има добро познат мирис што исполнува, свежина што буди, богатство на ароми и вкус што трае.

Аромата на вашето омилено кафе ја чува пакувањето
Пакувањето на кафето е многу важно за зачувување на неговата арома, бидејќи може да ја нарушат кислородот и влагата. Затоа, при купување кафе, проверете дали амбалажата е добро затворена и без оштетувања, а особено обрнете внимание на варовите на пакувањето. Освен тоа, на декларацијата побарајте информација дали е пакувано во заштитна атмосфера, бидејќи само така кафето ќе остане свежо и до една година по пакувањето. Сите овие услови, ќе се уверите, ги исполнува секое пакување на Grand кафе.
И за крај, имаме еден „бонус“ совет за вас, а тоа е дека тајната на вкусот се крие на пакувањето на кафето, и многу лесно можете да го изберете оној што ви одговара. Секој пат кога купувате Гранд кафе, погледнете го нејзиното пакување и ќе ја откриете тајната на широкиот спектар на вкусови на ова свежо мелено кафе. Иако кафето во кесичка не можете да го пробате во продавница за да процените дали ви се допаѓа, потребно е само да го погледнете бројот на „обоени“ зрна кафе на пакувањето, кои го означуваат степенот на испеченост и ароматичност на кафето. Така можете да се одлучите за нежната и ароматична Grand Aroma, омилената Grand кафе Gold, интензивната Grand кафе Strong или супериорната Grand DeLuxe. Изберете го вашето омилено свежо мелено кафе и препуштете се на уживањето во мирисот и вкусот токму по ваша мера.