Одговорот пристигна од харвардските истражувачи. Просечниот внес што во рамките на новата студија се покажа како најсоодветен, изнесуваше околу 315 mg кофеин дневно, што претставува количина што одговара на умерено, секојдневно уживање во кафето.
Оваа студија, спроведена со ангажирање на повеќе од 50 000 жени во текот на 30 години, покажува дека учесничките што пијат кафе секој ден имаат поголеми шанси за „поздраво стареење“, односно посилна физичка и ментална благосостојба, со помал ризик од хронични заболувања. Авторите на анализата истакнуваат и дека секој дополнителен внес на кофеин (до околу пет шолји дневно) бил поврзан со благ, но мерлив пораст на шансите за подобра виталност, иако оптимални резултати сепак се постигнуваат со умерена количина од една до три шолји.
Со други зборови, кафето навистина може да биде незаменлив дел од здравиот животен стил, сè додека го пиеме со мера и уживање, што и е суштината на неговиот ритуал на пиење.
Истражувањето исто така откри интересен факт: овие придобивки не биле забележани при консумација на безкофеинско кафе, чај или газирани пијалаци, што укажува на тоа дека комбинацијата на соединенија присутни токму во природното, домашно кафе е клучна за позитивните ефекти.
Здравствени придобивки од кафето
Харвардските анализи истакнуваат дека умерената консумација на кафе може да придонесе за здравјето на срцето, подобра регулација на телесната тежина, помал ризик од дијабетес тип 2 и долговечност.
Кафето е богато со антиоксиданти и природни биоактивни состојки што го поддржуваат организмот, и токму затоа што делува благо стимулативно, но и преку призмата на заштитната улога, бројни научници го вбројуваат меѓу „квалитетните секојдневни навики“.
Пораката од истражувањето е јасна - домашното кафе, во соодветна количина, може поволно да влијае на физичкото и менталното здравје. Затоа дозволете си без пречки да уживате во моментот на пиење на вашето омилениот напиток, бидејќи квалитетот и умереноста се токму она што го прави совршено.