Сигурни сме дека на секого од вас му е познато она чувство на будење со желба да дремнете уште малку, барем 5 минути подолго. Сепак, пред вратата ве чека нов ден, полн со различни предизвици, затоа - насмевка на лице и започнете го со елан! Затворете ги очите накратко, вдишете длабоко и помислете на шолја од омиленото кафе, на онаа неодолива арома и полн вкус, што го чувствувате со секоја голтка. Токму таа шолја од вашиот незаменлив напиток, ќе ви ја даде неопходната доза енергија и мотивација секое ново утро и ќе ви биде јасно зошто треба да биде составен дел од вашиот почеток на денот.
Дали знаете дека тие први утрински минути се од непроценлива важност за добриот квалитет на остатокот од денот? Колку пати сте слушнале некого да каже или колку пати и вам ви поминало низ глава, дека денот не е најдобар затоа што сте станале „на лева нога“? Ниту една комбинација на облека не ви е доволно добра, гужва е во сообраќајот, нервозни сте затоа што доцните – има уште многу работи околу кои би можеле да негодувате. Сепак, често работите не се толку лоши како што понекогаш изгледаат. Опуштете се и вооружете се со позитивна енергија, и верувајте дека вашата перспектива на гледање на сите предизвици целосно ќе се промени.
Ако сте во гужва, застанете на момент и јавете ѝ се на некоја драга личност, на која вашиот повик ќе ѝ измами широка насмевка. Кажете им на пријателите да ве чекаат на вашето заедничко место по работа. Одвојте време за она што е навистина важно во секој ден - како што секогаш одвојувате време за таа утринска шолја свежо мелено Grand кафе што го пиете во мир, онака како што најмногу сакате и како што најдобро се опуштате. Кога ќе го сварите и целиот ваш дом ќе замириса, за миг како сè магично да запре, нели? Веќе со првата голтка ќе почувствувате благодарност за тие моменти на уживање во совршената хармонија на заводливиот мирис и вкус, што ги обзема сите ваши сетила.
Откако шолјата кафе ќе ве разбуди и откако ќе се наполните со позитивна енергија, ќе ги разјасните и организирате своите мисли, ќе ви биде многу полесно да зачекорите во денот.
Со таков став, не се сомневаме дека ќе бидете победници во секој ваш ден и ќе го извлечете најдоброто од него. Континуитетот е исклучително важен, затоа внимателно избирајте ги своите ритуали, за да можете на вистински начин да ги започнете вашите утра. Будење, ѓезве на рингла, насмевка на лице и секој ден сигурно ќе биде добар!