Овој цитат би можел да се поткрепи со примери од светски познати уметници, кои не можеле да ги замислат своите денови без кафе. Познатите композитори Бах и Бетовен биле големи љубители на овој напиток, а Бах дури ја напишал и „Кантатата за кафе“. За францускиот писател Оноре де Балзак, се раскажува дека за време на пишувањето на неговото дело „Човечка комедија“ испил околу 5000 шолји кафе.
Во животот на современиот млад човек постојат бројни деловни и приватни обврски, како и различни настани што бараат време и внимание. За да бидеме успешни во извршувањето и организирањето на секојдневните активности, многу е важно да воспоставиме одредени ритуали во текот на денот и да најдеме време за она што нè исполнува и мотивира за понатамошна работа. Важно е да се напомене дека тоа треба да бидат квалитетни навики, кои поволно ќе влијаат врз концентрацијата, продуктивноста и расположението.
Ослободување од уморот
Училишта, факултети, работни места, тоа се различни обврски што го сочинуваат секојдневието на повеќето млади луѓе, а често и долгите часови поминати над книга, пред компјутер или мобилен телефон. Кафето како стимуланс може да има позитивно влијание врз сите оние што се уморни од, на пример, балансирање меѓу училиште и хонорарна работа. Кафето може брзо да ја намали поспаноста, што е корисно решение за време на доцните ноќни учења за испити или преоптоварениот распоред, кој бара дополнителна мотивација и фокусираност.
Стремеж кон успех
Знаеме колку е тешко да се напушти топлата постела кога се оди на работа или факултет (особено во студените денови), и затоа го бираме кафето како најдобар поттик за рано станување. Утринското кафе освежува и ни помага да го изостриме фокусот. Општо е познат факт дека успешните луѓе се будат рано наутро, за да можат да постигнат сè што наумиле. Со кафето доаѓа став и подготвеност за соочување со списокот на различни задолженија што нè очекуваат, за да бидеме што поблиску до остварување на сите наши цели.
Социјална интеракција
Друштвените собирања се многу важен фактор во животот на секој млад човек. Речениците како „Ајде на кафе“ или „Да се најдеме на кафе“ се користат како усталена фраза за покана за дружење. Благодарение на заедничките навики и темите за разговор, се отвораат различни полиња на интерес, на кои младите можат меѓусебно да се поврзат. Имајќи ја предвид препорачаната социјална дистанца и фактот дека друштвените активности сè повеќе се резервирани за онлајн платформи, тоа не би требало да ве спречи да уживате во омиленото свежо мелено Grand кафе со вашите пријатели, ако не во живо, тогаш преку Viber, „Zoom“ и слични апликации.
„Boost-ување“ енергија
Младоста и енергијата се неразделно дуо, но понекогаш недостига уште малку „гориво“ за предизвиците и обврските што бараат дополнителна ангажираност. Според истражувањата, кофеинот го стимулира централниот нервен систем и влијае врз зголемувањето на енергетскиот полнеж и расположението. Ако вежбањето, читањето или учењето ви изгледаат километри далеку, искористете шолја од вашето најдраго кафе како сојузник во борбата против уморот и слабоста. Покрај тоа што дава дополнителна енергија, ги подобрува рефлексите и циркулацијата на крвта во мускулите за време на тренингот, а има и позитивно влијание врз меморијата.
Поради сето наведено, не заборавајте да ја прегрнете шолјата од вашето омилено, домашно Grand кафе како верен сопатник во забрзаното секојдневие и препуштете се на непроценливите моменти на дружење со пријателите. Соочувањето со обврските, со шолја омилено домашно кафе, веќе не мора да биде толку исцрпувачко, туку може да послужи како дополнителна инспирација за понатамошни подвизи.
