Вест

Ајде да имаме време за разговор на кафе

Вест
Сè е полесно со разговор, разбирање и поддршка. А домашното кафе е идеален поттик за разговор, дневна доза мир, која нè поврзува

Домашното кафе секој го подготвува на свој начин, но за воопшто да го приготвиме мора да внимаваме да не прелие. Слично е и со нашите емоции - ако не обрнуваме внимание, лесно може да се случи да ни излезат од контрола. Затоа е важно да одвоиме време за разговори - да се слушаме себеси, но и да ги чуеме другите, одвреме-навреме да се преиспитаме, да зборуваме за предизвиците и да бараме решенија за надминување на пречките на кои наидуваме. 

Затоа Гранд кафа порачува: Ајде да имаме време за разговор! 

Без разлика дали во тишина ги средуваме сопствените мисли, преку „разговор со самите себе“ или во друштво на пријатели ги разменуваме мислите и чувствата, мора да ги имаме во предвид лековитоста и значењето на овие моменти. Во постојана брзина, преплавени со дневни обврски и притиснати од кратки рокови, често забораваме на значењето на искрениот и отворен разговор и неговата ослободувачка улога. 

Соочени со барањата на модерното време, често се прашуваме дали „моето време“, ослободено од сите обврски, планови и грижи, е луксуз во современиот свет? Можеме ли да застанеме и навистина, искрено и суштински да се посветиме на себе; да не правиме планови за утре, да не размислуваме за незавршената работа и неплатените сметки? Можеме ли навистина да се фокусираме на себе? Предизвикувачките времиња како ова покажуваат колку е значајна работата на себе за надминување на различни животни проблеми, зајакнување на себе и зачувување на сопственото ментално здравје. 

Истовремено, чувајќи се себеси и сопствената стабилност, ја чуваме стабилноста на целото семејство и на оние што најмногу ги сакаме. Сè е полесно со разговор, разбирање и поддршка од околината. Затоа, ајде да разговараме! Да не дозволиме, во непредвидливото и забрзано секојдневие, полно со мрачни вести и често необјасниви настани, да нè преплави чувството на страв и неизвесност, и да не најдеме време да се послушаме себеси, сопствените чувства и потреби. 

Ајде да имаме време за разговор и за „своето време“, затоа што тоа е начинот истовремено и да се зајакнеме себеси и да оствариме блискост со драги луѓе. А домашното кафе, чиј мирис неодоливо се шири низ просторијата, е она што нè поврзува. Тоа е идеален поттик за разговор и таа неопходна дневна доза на мир и опуштеност.

Вест
Се вчитува