Рецепт

Безглутенски леб

Рецепт Рецепт


  • ореви - 90 г
  • сурови семки од сончоглед - 90 г
  • ленено семе - 90 г
  • сусам - 60 г
  • сурова тиквена семка - 50 г
  • кафе - 1 лажичка
  • топла вода - 100 мл
  • јајца - 4
  • сода бикарбона - ½ лажичка
  • хималајска сол - ½ лажичка

Доколку не сте љубител на сладок појадок, направете здрав леб! Лебот збогатете го со кафе, семки и јаткасти плодови кои ќе ни обезбедат доволно здрави масти и ќе нè разбудат за почеток на денот. Семките како сурова тиквена семка, сончоглед и сусам изобилуваат со здрави протеини, масти, влакна и витамини.

За подготовка на овој леб ви е потребен само блендер.

Во блендер сомелете ги сите семки и оревот (блендајте ги состојките додека не се добие смеса како брашно). Во поголем сад прво измешајте ги влажните состојки, а потоа постепено додавајте ги сувите состојки што ги изблендиравме. Со лесни движења мешајте со шпатула додека не се добие изедначена смеса. Калапот за леб премачкајте го со путер и истурете ја смесата. Со лажица распределете ја смесата рамномерно и печете го лебот на 180 степени околу 40 минути. Мирисот за време на печењето веќе ќе ви го разбуди апетитот!

Кафето е многу повеќе од магичен напиток, тоа е и сојузник во вкусни оброци со низа придобивки! Дали го имате вашиот омилен рецепт со кафе?

Рецепт
Се вчитува