Кој може да одолее на спојот од кафе и чоколадо? Совршена мока за сладок одмор.
Состојки:
Insta Grand Classic – 2 лажички
Какао во прав или растопено чоколадо – 50 g
Млеко – 150 ml
Засладувач по избор
Чоколадни трошки – за декорација
Подготовка:
Во чаша сипете какао во прав или растопено чоколадо. Додадете Insta Grand Classic кафе и засладувач по желба. Загрејте го млекото и прелијте ја смесата, па добро промешајте додека сите состојки не се соединат. На крај додадете шлаг и посипете чоколадни трошки за декорација.