Рецепт

Чоко-портокалов десерт во чаша

Рецепт Рецепт

Состојки:

2 кесички Instagrand 3u1 Choco Orange (двете кесички обезбедуваат аромата да не се изгуби во млечната база)

200 мл слатка павлака

150 г несолено крем сирење (или маскарпоне за уште покремаста текстура)

1 пакување бисквити тип јафа

50 мл топло млеко (за растворање на кафето)

Малку ладно млеко (за лесно потопување на бисквитите)

Подготовка:

Во 50 мл топло млеко растопи ги двете кесички Instagrand 3u1 Choco Orange микс. Добро промешај за сè да се соедини и остави ја смесата целосно да се олади.

Во еден сад изматете ја слатката павлака (внимавај да не ја изматиш премногу, треба да остане воздушеста и мека).

Во друг сад кратко со миксер обработи го крем сирењето, па во него стави го оладениот Instagrand микс и соедини.

Со шпатула нежно, со кружни движења, вмешај ја изматената слатка павлака во смесата од сирење и кафе. Ќе добиеш мазен, свиленкаст крем со богата арома.

Бисквитите исечи ги на половини или четвртини. Секое парче на секунда потопи го во ладно млеко (ова помага вкусовите подобро да се поврзат, а бисквитот да омекне).

Во проѕирни стаклени чаши реди наизменично слој бисквити и богат слој Instagrand крем. Заврши со слој крем одозгора.

Декорирај со малку рендано црно чоколадо и прстофат свежо рендана кора од портокал за одличен визуелен ефект. Олади во фрижидер барем еден час пред послужување.

Рецепт
Се вчитува