Состојки:
300 g мелени бисквити
150 g мелени ореви
100 g шеќер во прав
100 g растопен путер или маргарин
50 ml силно, сварено Grand Gold кафе (процедено, без талог)
2 лажици какао
Подготовка:
Свари Grand Gold кафе без шеќер и одвој 50 ml чиста течност (внимавај да не падне талог).
Во голем сад измешај мелени бисквити, ореви, какао и шеќер во прав.
Додај растопен путер и свареното кафе, па со раце добро измеси ја смесата додека не стане компактна.
Обликувај топчиња и по желба валкај ги во мелени ореви, кокос или прелеј ги со растопена чоколада. Олади ги во фрижидер пред сервирање.