Никој не може да им одолее на мафините, можете да ги јадете за појадок или како слатка ужина во попладневните часови. Подготовката е едноставна, најтешко е да почекате да се оладат за да можете да уживате во нивниот вкус!
Состојки
- банани - 2
- мед - 2 лажици
- кокосов шеќер - 2 лажици
- кокосово масло - 2 лажици
- бадемово млеко - 250 ml
- пченично брашно од спелта - 1 чаша
- брашно од лешник - 2 лажици
- прашок за печиво - 1 кесичка
- сода бикарбона - ½ лажичка
- домашна Grand кафе Gold - 1 лажица
- цимет - 1 лажица
- хималајска сол - прстофат
- етерично масло од мандарина - 10 капки
Подготовка:
Изгмечете ги бананите и додадете ги сите влажни состојки. Во друг сад измешајте ги сувите состојки. Сувите состојки постепено додавајте ги во смесата од влажни состојки, мешајќи со нежни движења со шпатула (не користете миксер поради нежната текстура). Модлите за мафини премачкајте ги со кокосово масло и истурете ја добиената смеса.
Печете 25 минути на 180 степени. Кога мафините се испечени, оставете ги да се оладат и украсете ги по желба.
За украсување на мафините можете да користите јаткасти плодови, свежо или кандирано овошје. Сочните мафини послужете ги со шолја топло домашно кафе и уживајте во есенцијата на вкусот што ќе ги воодушеви вашите непца.