Состојки:
- Овесни снегулки - 4 лажици
- Чиа семе - 2 лажици
- Кокосов протеин - 1 лажичка
- Сварено домашно кафе - 3 лажици
- Мед - 1 лажичка
- Црвено овошје - 40г
Подготовка:
Во тенџерче загрејте 300 мл вода. Додадете ги снегулките, протеинот и чиа семето – варете на тивок оган додека смесата не се згусне. Тргнете од оган и додадете ги кафето, медот и свежото овошје. Лесно промешајте.
Кашата е одличен избор за здрав и нутритивно избалансиран појадок, а со шолја топло кафе започнете го денот со идеална комбинација од омилени вкусови.