Рецепт

Сочен чоколаден брауни

Рецепт Рецепт

Состојки:

200 g квалитетна темна чоколада

150 g путер

3 јајца

150 g шеќер

100 g брашно

2 лажички Instagrand Classic кафе (растворени во 1 лажица топла вода)

Прстофат сол


Подготовка:

На тивок оган (или на пареа) растопете ги темната чоколада и путерот. Кога ќе се соединат, измешајте го раствореното инстант кафе и оставете ја смесата малку да се олади.

Во чинија пенесто изматете ги јајцата и шеќерот, па полека додајте ја изладената чоколадна смеса.

На крај, со шпатула нежно измешајте ги брашното и прстофат сол.

Истурете во плех обложен со хартија за печење и печете на 180°C околу 20-25 минути (средината треба да остане малку мека).

Рецепт
Се вчитува